Бачовски: Од денеска стартува аплицирањето за финансиска поддршка од програмата за директни плаќања 2022

Вести

„Во моментот актуелни се повеќе повици за финансиска поддршка која е фокусирана на зголемено производство на храна и земјоделски производи.

Преку новиот Интервентен фонд веќе се спремаат првите исплати за пристигнатите апликации за финансиска поддршка за набавка на вештачко ѓубриво.

May be an image of 3 people, people sitting and indoor

Објавени се 6 јавни повици од програмата за рурален развој за набавка на силоси, набавка на трактори, изградба на мандри, набавка на опрема за производство и преработка на тутун, грантови за рурална жена, како и повик за кофинансирање на инвестиции во подигнување на лозови и овошни насади и ароматични растенија.

Од денеска стартува и аплицирањето за финансиска поддршка од програмата за директни плаќања 2022.“, рече директорот на Платежна агенција, Никица Бачовски, на денешното гостување во емисијата ,,Македонија наутро“ на МТВ1.

Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *