Бачовски: По субвенциите за овоштарство, подготвуваме исплата за градинарство и тутун и првите исплати од Интервентниот фонд

Вести

Директорот на Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој, Никица Бачовски во изјава за Агротим вели дека исплата на субвенциите во мај месец ќе има за градинарство, тутун, а ќе следуваат и првите исплати од Интервентниот фонд.

-Обработката на решенијата за исплата на субвенциите за тутунот се во завршна фаза. Некаде околу 1,3 милијарди денари би била исплатата, но наскоро ќе ја објавиме и точната пресметка. Во моментот службите имаат зголемен ангажман околу Интервентниот фонд, но во периодот што следи ќе има исплата на субвенциите градинарите и тутунот од програмата за директните плаќања. Ќе има и први исплати од Инетрвентниот фонд за несилки, за ѓубриво, јагниња и гоеници – изјави Бачовски.

Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *