Бачовски: Потпишани решенијата за исплата за 17.280 тутунопроизводители кои произвеле и предале тутун од реколта 2021

Вести

Директорот на Платежната агенција, Никица Бачовски, објави дека се потпишани решенијата за исплата на тутунопроизводителите.

„Ги потпишав решенијата за исплата за 17.280 тутунопроизводители кои произвеле и предале тутун од реколта 2021.
Веднаш по донесувањето на потребните законски измени, службите при АФПЗРР во најбрз рок ги изготвија решенијата за кои веќе се генерираат и налозите за исплата со што во текот на наредната недела на сметките на тутунарите ќе легнат близу 1.3 милијарди денари.
Благодарност до пратениците од македонското Собрание и министерот Љупчо Николовски, кои овозможија непречена исплата на финансиската поддршка за тутунарите.
Во периодот што следи ќе се реализираат и исплати на субвенции за млеко, за кокошки несилки и бројлери, како и исплатите од Интервентниот фонд кои предвидуваат поддршка за заклано јагне и предадени гоеници и субвенционирање на вештачки ѓубрива.“, напиша Бачовски.

Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *