Директорот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, Никица Бачовски, информира дека во тек е подготовката на процедурите за имплементација на ИПАРД III програмата.
-Новиот програмски период доаѓа со буџет од 97 милиони евра – европска финансиска поддршка која ќе биде ставена на располагање на потенцијалните корисници во 2023 година.
Со посветен ангажман на сите инволвирани институции работиме на активирање на ИПАРД III програмата и објавување на првите повици со цел стимулирање на инвестиции во :
-Модернизација на земјоделските стопанства
-Преработка и маркетинг на земјоделски и рибни производи
-Диверзификација на фарми и развој на мали бизниси во рурални средини. – информираше Бачовски.