Директорот на Платежната агенција, Никица Бачовски, ја посети фармата на семејството Ангелови во селото Горобинци.
„Земјоделството и сточарството се главна економска активност на овие вредни фармери кои обработуваат 60 хектари со житарици и поседуваат фарма со 100 крави.
Преку програмата за рурален развој и мерката за набавка на добиток, И.З Алек Дај добива финансиска поддршка за набавка на 30 високостелни говеда од расата Симентал кои се увезени од Чешка.
Оваа набавка е поддржана од АФПЗРР со кофинансирање на 75% од вкупно направените трошоци или 3.3 милиони денари.
Со зголемувањето на своето стадо со педигрирани говеда, оваа семејна фарма добива нов генетски потенцијал со кој ќе се зголемат количините и квалитетот на произведено и предадено млеко и ќе се добие свежо и квалитетно говедско месо.
Дополнително, И.З Алек Дај е корисник и на директните плаќања за производство на житни култури, за одгледување на говеда, за произведено и предадено млеко како и за заклани говеда во преработувачки капацитет.“, рече Бачовски.