Бачовски за динамиката на исплата на субвенциите: Следува исплата за ограничени можности, осигурување, саден материјал…

Вести

Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој на сметките на 14.113 лица кои одгледуваат лозови насади исплати вкупно 550.741.044 денари.

Станува збор за исплата на мерките: „директни плаќања за оддржување на лозови насади“ како и „директни плаќања за мали земјоделски стопанства дефинирани според историски плаќања во последните три години“.  Директорот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, Никица Бачовски, информира дека субвенциите за лозарите се веќе на нивните сметки.

„Парите за лозарите ги исплаќаме пред празникот „Свети Трифун“ кога и официјално почнуваат активностите околку производство на нова реколта на домашно грозје и вино. Наше е да обезбедиме поволни услови и средства кои ќе помогнат во намалување на производните трошоци. На  лозарите останува да дадат се од себе да произведат квалитетно грозје од кое ќе може да се произведе и добро вино. “ – информира директорот Бачовски.

Агенцијата постапува по сите барања за финансиска поддршка. Законскиот рок за исплата на мерките од директни плаќања е 30.06. Јавноста ќе биде навремено информирана за сите исплати.

„Следуваат исплати за подрачја со ограничени можности од програма 2019, осигурување, производство на саден материјал, бројлерски пилиња, полјоделски култури, тутун, овоштарство, градинарство, сточарство…за сите исплати јавноста ќе биде дополнително информирана, изјави  директорот на АФПЗРР Никица Бачовски.

Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *