Saturday, April 20, 2024

Бектеши: Со новиот закон ќе се затвараат компании кои ставаат преголеми маржи

Вести

„Со новиот закон ќе се затвараат компании кои ставаат преголеми маржи, казните ќе бидат до 5.000 евра“.

По донесувањето на одлуката за ограничување на маржите за трговците, министерот за економија Крешник Бектеши, во интевју за Слободен печат вели дека мерката била донесена по консултации со стопанските комори. Бектеши го повтори неговиот став дека е неетички во време на криза да се ставаат маржи од 15 проценти на одредени производи.

,,Побарав да се прават секојдневни контроли не само на заштитетните производи туку и на другите производи. За мене е злоупотреба синџирите на маркети да имаат профит од триесет отсто, оцени министерот Бектеши. Најави дека во вторник на седница на Владата ќе се усвои предлог закон за заштита на потрошувачите, каде казните ќе бидат многу високи, до 5.000 евра, за сите нечесни практики.

Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *