Бесплатни ветеринарни здравствени посети, едукација и прегледи на животните на одгледувалишта

Вести Сточарство

Програмата Земјоделство 20-24 нуди големи можности за добивање на достојност во професијата земјоделец.

Политиките во земјоделскиот сектор ќе бидат во согласност со генералните обврски и насоки на државата за присопсобување кон заедничката земјоделска политика на ЕУ. Оттука, политиките во секторот ќе бидат насочени кон оспособување на секторот да функционира во услови на единствен европски пазар, незанемарувајќи ги притоа и потребите и трендот на домашниот пазар и пазарите во глобални светски рамки.

Тежиштето на политиките ќе биде префрлено кон семејни комерцијални фарми што ќе бидат во состојба да се специјализираат за високо квалитетно земјоделско производство, органско производство и традиционални
производи. Во овој контекст, земјоделските производители ќе станат претприемачи кои во соодветниот амбиент ќе бидат во состојба да донесат важни одлуки во кое производство ќе го гледаат својот профит, но и да бидат способни да преземат или да се соочат со потенцијалниот ризик.

Една од мерките во програмата Земјоделство 20-24 „Можеме“ е „Бесплатни ветеринарни здравствени посети, едукација и прегледи на животните на одгледувалишта“.

Преку посети на одгледувалишта и едукација од страна на стручни лица ќе се постигне подобра заштита од заразни болести, како и брзо откривање и спречување на ширење на заразните болести кај животните и намалување на можните економски штети како последица од појава на болести кај животните и лошите пракси во одгледувањето на добитокот.

„Современо Земјоделство“

Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *