Кампања “Биди неговиот херој” во Радовиш

Вести Совети

Две паралелки третоодделенци од основното училиште Никола Карев од Радовиш беа дел од втората едукативна работилница за одговорно сопствеништво “Биди неговиот херој”, која Агенцијата за храна и ветеринарство и Факултетот за ветеринарна медицина од Скопје партнерски ја реализираат во рамки на четвртата фаза од регионалната кампања на Светската организација за здравствена заштита на животните – ОИЕ.

Преку едукативен материјал кој Агенцијата го подготви во рамки на оваа кампања, на дечињата им беше објаснето што значи да се биде одговорен сопственик, како да се заштитат милениците и бездомните животни. Поделени беа боенки, брошури и друг едукативен рекламен материјал, преку кој на дечињата на сликовит начин им се објааснува што значи да се биде совесен граѓанин и одговорен сопственик на домашен миленик и какви обврски имаат сопствениците на миленици.

Кампањата “Биди неговиот херој”, во наредните денови ќе продолжи да се реализира и во другите општини во земјава.

Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *