Благо намалување на водостоите на реките, нивото на езерата непроменето

Вести

Водостоите на речиси сите реки во земјава се пониски од просекот за април и кај најголем дел од нив има благо намалување во споредба со вчера, покажуваат последните мерења направени од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

Исклучок се реките Пчиња, на мерното место кај Катлановска Бања, и Струмица кај Сушево каде што нивото е малку повисоко од просекот за овој месец.

Пониски од просечните се и водостоите на Охридското и Преспанското Езеро и тоа за 22 сантиметри кај Охридското и за 1,52 метра кај Преспанското Езеро, кое сепак за 14 сантиметри го има надминато апсолутниот минимум.

За разлика од другите две природни езера, водостојот на Дојранското Езеро е за 2,83 метри повисок од повеќегодишниот просек за овој период од годината.

Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *