„Благој Ѓорев“ ја објави откупната цена на сончоглед од договорното производство

Вести

Пред стартот на годинешниот откуп на сончоглед од договорното производство, фабриката „Благој Ѓорев“ од Велес дознаваме дека откупната цена ќе биде 19 денари плус ДДВ за килограм сончоглед.

Оваа цена е повисока во споредба со минатата година кога сончогледот се откупуваше по 17, 30 денари за килограм.

-Сакаме да придонесеме во зголемување на површините под сончоглед и поради тоа ја зголемивме цената. Се надеваме дека со оваа цена земјоделците ќе бидат задоволни и ќе бидат мотивирани и следната година да насеат повеќе – изјави за Агротим, директорот Горанчо Лазов.

Според информации од теренот годинава се очекуваат повисоки приноси од сончоглед поради поволните временски услови.

Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *