Браниотис Костас: Посакувам побрз влез во ЕУ за да ги користите фондовите за развој на земјоделството

Вести

На неодамна одржаната манифестација „Избор на најуспешни во областа на земјоделството за 2018 година“ на Земјоделското здружение „Современо земјоделство“, признание за воведување на нови технологии во овоштарството му беше доделено на Браниотис Костас, компанија која се занимава со производство на овошни садници,.

-Посакувам што побрз влез на Македонија во ЕУ за и вие како наши соседи го видите бенефитот од вропските фондови. А ние сме тука да помогнеме и да создадеме квалитет каков што бара ЕУ пазарот, изјави Костас на примањето на признанието.

lence_tekst
Браниотис Костас од  Верија- Грција, е сопственик на компанија која се занимава со производство на овошни садници, вклучувајќи и органски, со модерна нано-технологија, здравствено исправни, по сите стандарди што ги бара ЕУ. Во Грција се најголеми производители на овошен саден материјал, а садниците ги продаваат во неколку земји како Молдавија, Русија, Кипар, Бугарија и други европски земји.

brand_fito

grk9

-Нашиот бизнис има 35 годишна традиција, а поголемиот развој започнува  со членството на Грција во ЕУ, поточно оттогаш бележиме  постојана нагорна линија. Денеска имаме  20 ха расадник со 1 400 000 овошни  садници од различни видови – вели Костас.

brand1
Планираат својот бизнис да го прошират и во Македонија. За почеток со дистрибуција на готови садници со кои македонските земјоделци ќе се уверат во квалитетот за потоа да започнат и со производство на саден материјал и во Македонија.

grk5

-За нас Македонија е мал пазар но она што забележавме при истражувањето на состојбите во регионот е дека македонските земјоделци заостануваат многу зад своите колеги од соседството, особено Албанија и Бугарија. Таму има значителен напредок и затоа сакаме да помогнеме на некој начин во развојот на аграрот. За почеток само со продажба на нашите квалитетни садници  преку застапникот „Биоаграр Ресен“ но потоа и со расадник и кооперанстки односи со земјоделците од садник до пласман на земјоделските производи. Од квалитетот на садниците зависи родот и профитот – изјави Костас и додаде дека наскоро овој план ќе почне да се реализира.

brand

– Нашите две земји мора да соработуваат на економско ниво. Интересот ни е заеднички, а успехот ќе биде и на земјоделците и на државата- заклучува Костас.

eu

Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *