Британско-српската стопанска комора бара компании за учество на саемот „International Food and Drink Event“

Вести

Британско-српската стопанска комора објави конкурс за избор на 10 компании од земјите од Западен Балкан (Србија, Босна и Херцеговина, Северна Македонија) во секторот производство на свежо, замрзнато и преработено овошје и зеленчук за настап на саемот „International Food and Drink Event“ (IFE) 2023 година, од 20 до 22 март 2023 година во Лондон.

Во рамки на настапот ќе бидат организирани деловни средби со увозници, дистрибутери и купувачи на пазарот во Велика Британија.

Избраните компании, покрај изложувањето на IFE 2023, ќе имаат можност да добијат и бесплатна менторска поддршка од британски консултанти во прехранбената индустрија, вклучувајќи регулативи, услови, подготовка и реализација на извоз на пазарот во Велика Британија, позиционирање, пласман и продажба, организација на шпедиција и транспорт, маркетинг, брендирање, декларирање на производи, огласување на онлајн платформи за продажба на храна и многу повеќе.

Конкурсот е отворен до 24 февруари 2023 година.

Сите детали и пријавата за конкурсот погледнете ги на ОВОЈ ЛИНК.

Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *