Повик за учество на Tендер за „Изградба на канали за одводнување, проширување на постојниот систем за наводнување и изградба на тампонирани патишта во село Егри, општина Битола“

Активностите што ќе треба да се спроведат во рамки на тендерот вклучуваат градежни работи поврзани со земјоделската инфраструктура во консолидационото подрачје Егри, поконкретно: изградба на тампонирани патишта, изградба на нови канали за одводнување и изградба, т.е. адаптација на постојниот систем за наводнување со локално проширување во рамки на консолидационото подрачје.

Share
Прочитај повеќе

Јавен повик: Дигитализација на земјоделството во сорaботка со IME, ФИТР и МЗШВ

Со овој предизвик, бараме напредни стартапи кои имаат веќе развиен прототип на иновативен производ / услуга, со кој ќе придонесат кон зголемување на продуктивноста и приходите на земјоделските стопанства, обезбедување на одржливи системи за производство на храна и забрзување на дигиталната трансформација на земјоделскиот сектор.

Share
Прочитај повеќе

Јавен повик за финансиска поддршка преку Фондот за предизвици на IME

Доколку микро или мало претпријатие бара субвенционирање преку подмерка 1.2 Финансиска поддршка за женско претприемништво на Министерството за економија како дел од развоен проект со кој се воведува иновација или се врши подобрување на бизнис моделот, може да аплицира за дополнителна поддршка преку инструментот Фонд за предизвици со кофинансирање на 80% од докажаните трошоци, но не повеќе од 150.000,00 денари по апликант

Share
Прочитај повеќе

Јавен повик за финансиска поддршка преку Фондот за можности на IME, во партнерство со Министерство за економија

Целта на Фондот за можности на Програмата IME е да го зголеми бројот на работни места, приходите и продажбата на приватниот сектор преку решавање на предизвици на пазарниот систем во секторите: одржлив агробизнис, авантуристички/активен туризам и ИКТ. За да се решат неефикасностите на пазарниот систем на траен начин, IME ќе ко-инвестира со локални компании.

Share
Прочитај повеќе

На располагање нови средства за набавен педигриран добиток

„Максималната финансиска поддршка за оваа мерка е до 6.500.000 денари прифатливи трошоци по поединечен корисник. Поддршка се исплаќа по принцип на ко-финансирање на завршени и исплатени инвестиции од страна на корисникот во висина од 50% од вредноста на одобрените прифатливи трошоци за инвестиции.“ – информира директорот Бачовски.

Share
Прочитај повеќе

Бабовски: На располагање се неповратни средства за развој на рибарството и аквакултурата

Од денеска, па се до крајот на овој месец, сите кои сакаат да градат нови, да ги ревитализираат или обноват старите рибници, мрестилиштата  или мандрите, ќе може да поднесат барање за добивање на средства од Програмата за рибарство и аквакултура.

Share
Прочитај повеќе

Јавен повик за занаетчиите, ќе добијат субвенции од 20 милиони денари за набавка на алати и репроматеријали

Министерството за економија денеска го објави јавниот повик за кофинансирање на трошоци на занаетчии и вршители на занаетчиска дејност со кој се покриваат до 60 отсто од докажаните трошоци за набавка на алати и репроматеријали во 2020 година, но не повеќе од 60.000 денари.

Share
Прочитај повеќе

Повик за учество на Tендер за извршување на Консултантски услуги за консолидација на земјиште во Северна Македонија, Фаза. II – Планирање на распределба на земјиште во Кожле

Крајниот рок за поднесување на понуди за тендерот е 8 октомври (четврток) 2020 година до 09:30 часот.

Share
Прочитај повеќе

Повик за учество на Tендер за извршување на Консултантски услуги за консолидација на земјиште во Северна Македонија, Фаза. II – Планирање на распределба на земјиште во Дабјани

На тендерот можат да учествуваат овластени геодетски компании кои се регистрирани во Регистарот на вршители на работи во функција на консолидација на земјиште при Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство на Република Северна Македонија, во согласност со член 9-а од Законот за консолидација на земјоделско земјиште.

Share
Прочитај повеќе

МАЗЗ објави три огласи за вработување: Проектен координатор, проектен асистент и финансиски асистент

Македонската асоцијација на земјоделски задруги МАЗЗ објави три огласи за вработување на Проектен координатор, проектен асистент и финансиски асистент

Share
Прочитај повеќе