ФАО: Поскапувањето на храната ќе продолжи до следната година

Најголемо зголемување има кај млечните производи и маслото за јадење. Од ФАО велат дека притисокот на цените ќе биде уште поголем, бидејќи побарувачката е зголемена, но тука е и зависноста на земјите од производите на Украина и Русија.

Share
Прочитај повеќе

Високите температури неповолно можат да се одразат и на здравјето на животните

Календарски се наоѓаме на почеток на летото, период во кој температурите растот и над 30 степени Целзиусови со што се зголемува опасноста од труење со храна. Високите температури неповолно можат да се одразат и на здравјето на животните.

Share
Прочитај повеќе

(Видео) Меџит Амити: Осигурувањето ќе донесе позитивен развој на сточарството

Меџит Амити е сточар, кој со сточарство се занимава 38 години и тоа ќе биде професијата со која ќе ја дочека и пензијата.  Тој раскажува дека да се одгледува стока е многу тешко, бидејќи постојано се соочуват со проблеми, со штета од волк, од мечка од град, од болести.

Share
Прочитај повеќе

(ВИДЕО) Сашка Јованова: Животот во село не е лесен, но не би го менувала за во град

-Животот во село не би го сменила за во град, бидејќи овде се живее по опуштено, порелаксирачки. Во селото животот е прилично тежок, започнува сабајле во 4, некогаш и пред 4. Моментално сме двајцата со сопругот, береме по 5 часа до 10 часа сме на тутунот. Имаме околу 1 хектар пипер за ајвар. Имаме овоштарство-сливи стенлија, па и компир за домашни потреби. Ако си добро организиран и ако работиш плански, можат да се постигнат сите работи, истакна Сашка.

Share
Прочитај повеќе

Антонио Ангеловиќ: Земјоделското производство мора да биде осигурано

ВИДЕО БРОЈ 2 – Антонио Ангеловиќ, земјоделец

Share
Прочитај повеќе

Земјоделците зборуваат за важноста на осигурувањето кај земјоделското производство

Климатските промени се еден од најголемите предизвици со кој се соочува човештвото. Се смета дека активностите на луѓето влијаат врз климата, која е една од компонентите на средината. Климата за возврат влијае врз земјоделството, како една од основните стопански гранки на секоја земја.

Share
Прочитај повеќе

Николовски: Субвенциите редовно се исплаќаат

-Се исплаќа според календарот за исплата на субвенции а исплатени се 40,5 милиони евра субвенции во текот на јануари и февруари кај лозарите, сточарите и полјоделците. Се подготвува исплатата на тутунот во месец април. Од јуни 2017 година до денес исплатени се 247 милиони евра за субвенции по однос на сите програми -заостанати долгови и редовни субвенции, рече Николовски. 

Share
Прочитај повеќе

МЗШВ: Мерките во новите Програми за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот равој се подготвуваа во комуникација со производителите на јаболкa

Оваа година, финансиската поддршка за одржување на насади со јаболка се зголемува од 33.000 денари на 41.000 денари по хектар, а 20 отсто повисокa финансиска поддршка добиваат овоштарите со развоен потенцијал, поточно за оние овоштари кои имаат од 1 до 5 хектари поддршката расте од 39.600 на 50.000 денари по хектар.

Share
Прочитај повеќе

Николовски: Следната година субвенциите ќе се доделуваат принципиелно

Синоќа гостин во отвореното Студио 1, на 1 ТВ, на телефонска линија со граѓаните беше министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски, кој зборуваше за состојбите во аграрот. Како што објасни, Владата има обезбедено средства за субвенции, а во наредната година ќе се доделуваат принципиелно.

Share
Прочитај повеќе

Дарко Шамбевски – млад и успешен земјоделец

Дарко Шамбевски од село Радобор, Могила, е млад земјоделец кој со земјоделството се занимава од кога знае за себе.  Тој е член во единственото здружение за земјоделци со седиште во Пелагонискиот регион „Современо Земјоделство“. При нашата посета кај него, тој ни раскажа дека токму оваа работа ја работи со голема љубов заедно со своето семејство и дека оваа гранка носи многу профит, само ако правилно се работи. 

Share
Прочитај повеќе