Николовски за МИА: Годинава најмалку 205 милиони евра вкупна поддршка во земјоделството

-За средување на земјишната политика имаме пет милиони евра. Може да значи и формирање нова агенција за земјишна политика, зашто е неопходно системско институционално поврзување на Министертсвото со Агенцијата за катастар, со Платежната агенција, за на телефон, преку апликација, да ги имаме сите податоци и информации, вклучувајќи почвени карти и ортофото снимки, истакна Николовски.

Share
Прочитај повеќе

Никица Бачовски: Во оваа институција влегувам со желба за поддршка на што повеќе земјоделци, преработувачи, занаетчии и останати потенцијални корисници на програмите кои ги имплементира Агенцијата

-Во меѓувреме со домашни и експерти од Италија работиме на модификација на програмата која би се случила во блиска иднина со која ќе се обезбеди авансно исплаќање, односно 30-90 дена по аплицирањето земјоделците да добијат 30% од вкупната сума субвенции кои им следуваат, со што значително се помага рентабилноста во работењето. Секако, останатите 70% ќе се исплатат според календарот за исплата кој веќе е добро познат помеѓу примателите, истакна Никица Бачовски за Современо Земјоделство.

Share
Прочитај повеќе

Блерим Бесими со признание за „Најуспешен производител на квалитетни јаболка во Преспанскиот регион“

-Ова признание посебно ми значи, затоа што кога толку многу се трудиш и работиш и кога некој ќе те повика да ти каже дека признанието е твое, чувството е неопишливо. Вакви признанија добивал и мојот татко и мојот дедо, и среќен сум што го продолжувам ланецот на успеси, истакна Бесими.

Share
Прочитај повеќе

Методија Илиевски: Успехот на МЗШВ ПЕ Битола е резултат на добра организација и тимска работа

-Поднесувањето на субвенции поминаа во најдобар ред, нашата целокупна организација со канцелариите во Битола, Могила и Новаци, успешно не означија како една од најдобрите подрачани единици во државата. Поднесени се скоро 5000 апликации, со зголемена бројка во споредба со минатата година, така што тоа ни е показател дека земјоделството во Пелагонискиот регион е во нагорна линија, истакна Илиевски.

Share
Прочитај повеќе

Ленче Николовска: Руралното може да биде и модерно и доходовно

Животот на село, во природа, во викенд населби, допрва ќе станува тренд во ЕУ и во светот, затоа и мојата кампања се вика „Рурално е модерно“, вели Николовска.

Share
Прочитај повеќе

Консолидацијата на земјиште го поттикнува развојот на малите земјоделски стопанства и нивниот придонес во сигурноста на храната

Парцелите сега имаат правилна форма и овозможуваат подобри земјоделски практики. Планот, исто така, вклучува и обнова на заедницата како што се инвестиции во пристапни патишта до нивите и во системи за одводнување и наводнување, финансирани од Европската унија. Љупчо и неговата сопруга Кети, која има еднаков удел во семејното земјоделско стопанство и бизнис, очекуваат да видат придобивки од консолидацијата на земјиштето во годините што следат.

Share
Прочитај повеќе

Кулевска: Со СН Осигурителен Брокер добивате пријатели и партнери во работата

-За поздравување е таа финансиска поддршка од МЗШВ од 60% од вредноста на полисата, која многу им значи на сите земјоделци. За остатокот, односно 40% од износот на осигуреникот, од вкупната премија, нудиме големо олеснување, со тоа што овозможуваме плаќање на 12 рати без камата, истакна Кулевска.

Share
Прочитај повеќе

ИНТЕРВЈУ со Набил Ганџи, заменик регионален претставник на ФАО за Европа и Централна Азија: ФАО е посветена на ефикасна поддршка на развојот и климатската отпорност на македонското земјоделство

Набил Ганџи, заменик регионален претставник на ФАО за Европа и Централна Азија говори за поддршката на ФАО во Северна Македонија. Тој е одговорен за развојот и имплементацијата на Програмата на ФАО за земјата, поддржувајќи ја комуникацијата и соработката помеѓу ФАО, Владата на Северна Македонија и сите клучни национални и меѓународни партнери.

Share
Прочитај повеќе

Пачешкоски: ПЕ Прилеп активно и посветено се залага за создавање успешни и конкурентни земјоделци

-Ние сме најголемата подрачна единица во државата, со над 15.000 евидентирани земјоделци во Единствениот регистар на земјоделски стопанства.
Не е лесно да се води оваа функција, но затоа е голем предизвик, ние да ги направиме позитивните и потребните промени за пристојна професија и пристоен живот, нешто што земјоделците една деценија го немаа, истакна Пачешкоски.

Share
Прочитај повеќе

Потребата за земјоделско осигурување се повеќе се зголемува

СН Осигурителен брокер, заедно со осигурителните компании „Триглав“, „Кроација“, „Евроинс“ и „Сава осигурување“, ја поддржаа едукативната кампања „Не гледај во небото, осигури се“ на Земјоделското здружение – „Современо Земјоделство“ со што дадоа придонес во информирање на земјоделците за важноста и предностите на земјоделското осигурување.

Share
Прочитај повеќе