Заинтересираните граѓани оваа година ќе имаат можност да вршат рекреативен риболов на една од поатрактивните рекреативни зони во нашата земја, по најповолни цени од сите рекреативни зони и риболовни ревири.
Ги известуваме сите заинтересирани граѓани дека ЈП “Стрежево” – Битола планира од февруари да започне со издавање на дозволи за вршење на рекреативен риболов за рекреативната зона “Акумулација Стрежево” за 2020 година.
Висината за надоместокот за издадена дозвола за вршење на рекреативен риболов на рекреативната зона ‘Акумулација Стрежево’ за 2020 година е утврдена на следниот износ:
годишна дозвола 1.000,00 денари,
петнаесетдневна 500,00 денари,
седумдневна 300,00 денари,
еднодневна 150,00 денари.
Висината на надоместокот за издавање на годишна дозвола за вршење на рекреативен риболов се намалува на:
700,00 денари за пензионери;
600,00 денари за лица прогласени за технолошки вишок;
500,00 денари за инвалиди;
500,00 денари за студенти;
400,00 денари за ученици.