Црвен кардинал, кралот на трпезното грозје

Вести Овоштарство Совети

Сортите од трпезно грозје, најчесто се користат за консумирање во свежа состојба или се преработуваат со сушење, конзервирање, кандирање итн. Некои од сортите исто така може да се користат за производство на вино, но за поголемиот дел од него и не доаѓа во предвид поради неговата примарна намена.

Трпезните сорти имаат многу помалку шеќер отколку винските, тие се со крупни зрна и имаат повеќе месо. Исто така, тие бараат поинаква технологија на одгледување и нега и повеќе рачна работа. За трпезно грозје, денес исклучиво се користат само високи форми на одгледување, главно пергол или тендон, кои се поврзани со силна арматурна мрежа. Сето ова ја прави технологијата на производство на трпезно грозје целосно неспоива со одгледувањето на винско грозје, така што производството на трпезно грозје денес стана високо специјализирана област со висока почетна инвестиција.

Одгледувањето на трпезни сорти е многу профитабилен, но одговорен бизнис. Затоа, при изборот на сортата, треба да се земат предвид многу фактори кои ја одредуваат правецот на производство.

Црвениот кардинал е една од најпознатите трпезни сорти на грозје, се одгледува во сите делови на светот. Селекционирана е во Калифорнија (САД). Има средно збиен голем грозд, големи округли зрна. Зрната се крупни, со темноцрвени и виолетови бои и нежен мускантен вкус и мирис.

Гроздот е голем или многу голем, со тежина од 300-600 грама, а понекогаш и повеќе. Кардиналот е многу родна сорта. Тој е погоден за транспорт, а вкусен е од почетокот на добивањето на бојата се до технолошката зрелост, што му дава можност за берба од триесет дена. Кардиналот созрева многу рано, во нашите области созревањето е од крајот на јули или почетокот на август.

„Современо Земјоделство“

Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *