Цуцулоски: Зголемена е површината под тутун во Битолско

Вести

Рокот за издавање на евидентни листови за тутунот истекува на 31 март. Остануваат уште два работни дена, тутунарите да ги посетат подрачните единици на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.

Од Подрачната Единица во Битола, оваа година се задоволни од динамиката на земјоделците. Од очекуваните 3000 евидентни листови, на два дена пред завршувањето на рокот, пријавени се 2711.

– Оваа година сме повеќе од задоволни од динамиката на издавање на евидентни листови.  Веќе се издадени 2717, а до завршувањето на рокот за пријавување, очекуваме бројката да достигне 2800 евидентни листови – истакна Александар Цуцулоски, раководител на ПЕ Битола,  за Современо Земјоделство.

Прв пат по долги години, има и зголемување на површината под тутун на територија на општина Битола.

– Повеќе од 100 хектари е зголемена површината под тутун во битолскиот регион. Сигурно една од причините е рекордно постигнатата цена за откуп од 217,60 денари, загарантираниот откуп, како и најавеното донесување на нов закон за тутун и тутунски производи што би значело подобрување на производството – додаде Цуцулоски.

Тој ги потсетува и сите земјоделци дека програмата за аплицирање за субвенции започна и апелира земјоделците навремено да ги пријават своите култури за да не се создаваат гужви пред завршувањето на рокот, а тоа е 15 мај.

 

Новинар: М-р Билјана Петровиќ за Современо Земјоделство

Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *