„Чварките и сланината се запишани во нашиот генетски код, а не авокадото“ – Српска нутриционистка ги побива теориите за здравата исхрана

Вести

Познатата нутриционистка од Србија, Бранка Мирковиќ пред неколку дена гостуваше во една српска емисија каде што говореше за здравата исхрана и какви грешки најчесто правиме кога станува збор за храната. Таа објасни дека нашите навики во исхраната се запишани во нашиот генетски код и дека треба да се храниме како што јаделе нашите предци.

„Чварките се во нашиот генетски код, како и сармата и други работи. Најдобро ја примаме храната што ја јаделе нашите предци. На пример, немаме проблем со млечните производи, нашите организми се навикнати на тоа. Што се однесува до алергиите, секогаш треба да се направи анализа пред да се донесе заклучок. Добра е и посната и мрсната храна. Многу е штетно кога се прејадуваме, треба да јадеме умерено“, рече Бранка.

Таа советува дека наутро по будењето прво треба да испиеме чаша вода.

„Кога ќе се разбудиме наутро прво треба да пиеме вода и не мора веднаш да јадеме. Појадокот треба да биде за 4 часа по будењето. Децата и оние кои се во развој треба да јадат повеќе. Тоа што треба да се исфрли се грицките, чипсовите, бидејќи тоа не е храна. Подобро да јадеме јаболко отколку авокадо, ние не ги цениме доволно овошјето и зеленчукот што ги имаме“, истакна нутриционистот.

„Сланината и чварките се омилени намирници во многу делови од нашата земја, а освен што се служат како оброк, одлични се и како додаток на разни јадења. За оние кои се грижат за своето здравје, сланината се наоѓа многу ниско на списокот со приоритетни намирници – поради нејзината значителна содржина на масти. Меѓутоа, лишувањето од маснотии во исхраната може да има спротивен ефект. Кога сланината се јаде умерено, телото има корист од неа.“, заклучи нутриционистката.

Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *