Дали бататот е поздрав од обичниот компир?

Вести Совети

Во последно време се почесто е прашањето: Што е поздраво – компирот или бататот? Во некои нутриционистички кругови, бататот или слаткиот компир е крунисан со титулата супер храна. Истовремено, обичниот компир е етикетиран како нездрава храна поради големата количина на јаглени хидрати, висок гликемиски индекс и висока калориска вредност.

Иако многу нутриционисти го промовираат бататот како поздрава алтернатива, точно е дека и двата прехранбени продукти содржат важни хранливи материи што му се потребни на организмот за подобро здравје. Исто така, и двете намирници може да ги јадете во склоп на урамнотежена исхрана (диета) и благодарение на нив да бидете тенки и здрави.

Батат vs Компир – Што е поздраво?

Иако популарно се нарекува “сладок компир”, бататот е всушност само подалечен роднина на обичниот компир. Обичниот или вистински компир (Solanum tuberosum) припаѓаат на семејството Solanaceae, кој е сроден со доматот, пиперката и модриот патлиџан. Батат (Ipomoea batatas) е член на семејството Convolvulaceae. Иако ботанички се различни, и компирот и бататот потекнуваат од Централна и Јужна Америка.

Постојат околу 4.000 сорти на компири и околу 5.000 сорти на батат , кои се одгледуваат низ целиот свет. Двете намирници растат во различни бои, од бела преку портокалова до виолетова. Во многу погледи компирот и бататот имаат слични хранливи вредности, но во некои тие се разликуваат.

1. Гликемиски индекс

Обичниот компир има повисок гликемиски индекс отколку бататот. Печен батат има ГИ 94, додека печениот компир – 111. Меѓутоа, гликемиското полнење на печениот батат е 42 , а на компирот – само 33. Ова е важен податок за дијабетичарите кои мора да го контролираат шеќерот во крвта. Гликемискиот индекс е мерка за брзината со која шеќерот во крвта расте по конзумирање на одредени видови на храна. Колку е повисок индексот, толку побрзо внесените состојките се претвараат во гликоза.

Гликемиското полнење покажува, колку брзо некој одреден вид на јаглени хидрати ќе се претвори во шеќер. Во пракса ова значи дека храната со повисок ГИ, која има низок GL (гликемиско полнење или glycemic load) побавен се претвора во шеќер, односно нема да предизвика нагло зголемување на нивото на шеќер во крвта – а тоа е одлична вест за дијабетичарите.

Печен компир има малку повисок гликемиски индекс, но помало гликемично полнење, така што во смисла на покачување на нивото на шеќер во крвта, печениот батат не е ништо подобар од печениот компир.

Но, гликемискиот индекс се менува и зависи од начинот на подготовка. Готвењето обично води до понизок гликемиски индекс, бидејќи скробот се врзува со водата. Така, варениот батат има многу помал гликемиски индекс од варениот компир – 46 наспроти 82. Гликемиското полнење на варениот батат, исто така е помал одколку на компирот – 11 наспроти 21, што го прави варениот батат идеален за дијабетичари.

2. Нутритивна вредност

Порција од 100 грама батат, содржи 90 калории, а исто количество на обичен компир е 93 калории, па во овој поглед бататот е за нијанса подобар од компирот. Бататот и обичниот компир во себе не содржат речиси никакви маснотии и поседуваат иста количина на протеини и јаглени хидрати. Уделот на јаглени хидрати во бататот и обичниот компир е 21 грам на 100 грама од секоја намирница.

3. Влакна

Бататот ​незначително го надминува компирот во количина на влакна. 100 грама батат содржи 3,3 грама влакна, а истата количина на обичен компир – 2,2 грама. Исхраната богата со влакна е поврзана со пониска стапка на рак на дебелото црево, срцеви заболувања и жолтица.

4. Витамини и минерали

Двете намирници се богати со витамини А, Е и Ц – антиоксиданси кои го спречуваат оштетувањето предизвикано од дејството на слободните радикали во телото.

Витамини

Бататот содржи нешто повеќе од позначајните витамини одколку компирот. 100 грама батат содржи 20 mg витамин Ц, 6 mcg фолна киселина и 19.200 IU витамин А. Додека, 100 грама обичен компир содржи 9.6 mg витамин Ц, 28 mcg фолна киселина (многу повеќе од бататот) и само 1 IU витамин А.

Минерали

Обичниот компир е подобар извор на железо и калиум. 100 грами обичен компир, содржи 1,1 мг железо и 535 мг калиум, истата количина на батат содржи 0,7 мг железо и 435 мг калиум. Калциумот е важен минерал за здравјето на коските, и во бататот се наоѓа во поголеми количини отколку во компирот. Порција од 100 грама батат содржи 28 mg калциум, истата количина на обичен компир содржи 10 mg на калциум.

Правилна подготовка за максимално уживање

1. Печењето и варењето на оваа намирница, генерално е поздраво од пржењето. Со пржењето на компирот, се зголемува неговиот гликемиски индекс и се создаваат токсични супстанции.

2. Јадете ги како дел од здрав оброк, заедно со зеленчук.

3. Бидете претпазливи и умерени при конзумирање на нездрави сосови.

4. Малку здрави маснотии, како што се неколку капки маслиново масло, може да го подобрат вкусот на храната и да ја зголемат апсорпцијата на витамин А.

5. Обрнте внимание на порцијата. Две раце компир или батат по оброк се доволни.

„Современо Земјоделство“


Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *