Не постои замена за лукот, ниту за јадењето, а ни за здравјето. Меѓутоа, дали сте знаеле дека лукот можете да го консумирате и кога ќе изрти?
Иако многумина мислат дека тогаш треба да го фрлат, Naturalcureshouse пишува дека тогаш лукот станува најефикасен.
Лукот е преполн со антиоксиданси како алицин и алин. Студијата на Институтот за медицинско истражување покажала дека зрелиот и изртен лук е одлично средство против габични и вирусни заболувања, како и стомачни грчеви, дијареа, проблеми со варењето…
Богат е и со минерали и нутриенти, помага при настинка и труење, а помага и во заштита на клетките од ракот.
Ако сакате да се заштитите, користете изртен лук, додадете го во салатите или јадењата и консумирајте го редовно.