Дебарско Езеро збогатено со уште 1.000 килограми крап

Вести

Концесионерот на Дебарско Езеро, спортското риболовно друштво „Трофта“, вчера во езерото пушти 1.000 кг крап, секој со тежина до 1,5 килограми.

„Крапот е набавен од мрестилштето „МИА – Екофиш“ од село Бразда, Чучер Сандево од каде што ги набавивме и претходните 500 килограми кои ги пуштивме во неделата. Тоа значи дека за три дена езерото е порибено со вкупно 1.526 кг крап. Рибите ги обезбедивме со средствата донирани од дебарски стопанственици и општините Дебар и Центар Жупа. Наша цел е збогатување на рибниот фонд на езерото – изјави Дритан Боцку, претседател на СРД „Трофта“, концесионер на езерото.

Заради заштита на пуштените единки крап, од неделата до 8 април строго е забранет риболов на потегот од месноста Венец до месноста Скали.

– Апелирам до сите за поголема грижа за зачувување на оваа убавина со која располага нашиот крај. Во оваа прилика сакам да упатам јавно барање до ХЕ „Шпилје“ да внимава во одржувањето на нивото на езерото поради мрестот на рибите – апелираше Боцку.

Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *