Дебата за поттикнување на органското производство

Вести

– „Како да се поттикне органското производство на храна?“ е темата на денешната дебата што ја  организираат Организацијата на потрошувачите (ОПМ), Асоцијацијата за развојни иницијативи „Зенит“, Здружението на Агро новинари „Медиа Плус“ и Програмата за зголемување на пазарната вработливост (ИМЕ).

Најавено е обраќање на министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски, на производители на органска храна, како и на претставници од Агенцијата за храна и ветеринарство, ланците маркети, сертификациските тела и граѓански организации.

Дебатата е финансирана од проектот „Преминете на органско – потрошувачите во центарот на земјоделската политика“, поддржан од ЕУ преку програмата „Одржливо земјоделство за одржлив Балкан“

Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *