Децентрализација на надлежностите во земјоделството

Вести

Една од точките на вчерашната седница на Комитетот за земјоделство и безбедност на храна, со која претседаваше претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев, беше Акцискиот план за спроведување на децентрализација на надлежностите во областа на земјоделството.

Со цел поблиски и навремени услуги за земјоделците, се разгледува идејата за предавање на дел од надлежностите на локалната власт.

Оваа идеја би подразбирала предавање на надлежностите во делот на прибирање на закупнина за државно земјиште и можност за поднесување барања за субвенции во секоја општина, наместо само во Подрачните единици.

Со оваа идеја за децентрализација би се доближиле услугите до земјоделците.

Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *