Ден на фармери рекордери на „Бимилк“

Вести Сточарство

Во чест на своите фармери-кооперанти, компанијата „Бимилк“ денеска ја организира традициоанлната церемонија „Ден на фармери рекордери на Бимилк“. На манифестацијата во винаријата „Чифлик“ во Битола беше присутен на министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски.

Целта на настанот е „Бимилк“ да им одаде почит и признание на најуспешните фармери кои во изминатата година забележале рекордни резултати во производството на сурово квалитетно млеко.

 

-Најуспешните фармери за 2018 година добија плакети за своите достигнувања на денешната манифестација „Ден на фармери рекордери“, организирана од Млекара АД Битола. Им честитам и им посакувам успеси и во иднина. Ние како ресорно министерство нудиме механизми за развој и модернизирање на овој сектор. Во годинешната Програма за рурален развој значително ја зголемивме финансиската поддршка за мерката за набавка на приплоден добиток и за оваа намена одвојуваме близу 1,5 милиони евра, истакна министерот Николовски.

Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *