Денес е меѓународниот ден на задругарството

Вести

Првата сабота од месец јули светот ја одбележува како Меѓународен ден на задругарството.

Овогодинешното мото на Меѓународниот ден на задругите е „Задруги за климатско дејствување “ , како форма со која на светско ниво ќе докажеме дека можеме да ги намалиме негативните ефекти од климатските промени ако изградиме нова економија, заедно, базирана на кооперативни вредности и принципи.

Министерството за земјоделство шумарство и водостопанство, во изминатите години континуирано работи на мерки кои ќе придонесат земјоделците да се здружуваат.
Активностите за поддршка на здружувањето на земјоделците во земјоделски задруги се содржани во мерката „Економско здружување на земјоделски стопанства за заедничко вршење земјоделска дејност“ од Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој за 2020, во која се предвидени финансиски средства во висина од 3.000.000 денари за поддршка за инвестиции за следните намени:

✅за основање и функционирање на земјоделски задруги

✅инвестиции за примена на заеднички производни практики за усогласување на стандардите за квалитетот на земјоделските производи или за производство на земјоделски производи со повисок квалитет

✅организирање на информативни и промотивни активности за земјоделски производи.

Во 2019 и 2020 година интересот за формирање и функционирање на земјоделските задруги се зголемува, така што во Регистарот на земјоделски задруги досега се запишани вкупно 61 земјоделски задруги.

Почитувани задругари, нека Ви е среќен Светскиот ден на задругите!

Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *