За сите заинтересирани компании во руралните средини, за создавање на нови услови за вработување, достигнување на ЕУ стандардите, имплементирање на нови технологии и процеси, на 28 декември 2019 година отворен е јавен повик 02/2019 година за мерка 3 Инвестиции во основни средства за преработка и маркетинг на земјоделски и рибни производи, Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, Телото за управување со ИПАРД фондовите одржува инфо денови за спроведување и користење на Инструментот за претпристапна помош на Европската унија за рурален развој – ИПАРД 2014-2020 со особено внимание на мерката 3.
Веќе успешно се реализирани инфо денови во Ранковце, Свети Николе и Струмица.
Распоредот и програмата за инфо деновите се наменети за информирање на сите потенцијални баратели за користење на средствата од ИПАРД Програмата 2014-2020.
Прилеп 15 јануари 2020 (среда) 11.00 мерка 3
Тетово 16 јануари 2020 (четврток) 10.00 мерка 3
Кичево 16 јануари 2020 (четврток) 14.00 мерка 3
Карпош 17 јануари 2020 (петок) 10.00 мерка 3
Аеродром 17 јануари 2020 (петок) 14.00 мерка 3
Битола 23 јануари 2020 (четврток) 11.00 мерка 3
Градско 24 јануари 2020 (петок) 11.00 мерка 3
Кочани 28 јануари 2020 (вторник) 11.00 мерка 3
Богданци 29 јануари 2020 (среда) 11.00 мерка 3