Денес снег и на некои пониски места, особено на запад и север

Вести

Под влијание на влажен и постуден воздушен бран од север, денес времето во Македонија ќе биде облачно со повремени врнежи од дожд, додека на повисоките места и на планините ќе има врнежи од снег. Поинтензивни врнежи ќе има во западните предели каде локално ќе наврнат над 25 л/м2 воден талог. На планините пак снежната покривка ќе се зголемува. Кон крајот на денов и во вечерните часови поради падот на температурите снежната граница понекаде ќе се спушти и под 1000 метри, особено на север и на запад. Ќе започне да дува умерен, Долж Повардарието повремено засилен ветер од северн правец. Температурите на воздухот ќе се искачуваат во интервалот од 6 до 13 степени.

Во Скопје и околината времето ќе биде облачно со повремени врнежи од дожд. Во текот на денот ќе започне да дува северен ветер кој повремено ќе биде и засилен по интензитет, додека во вечерните и ноќните часови поради падот на температурата во делови од Скопската котлина ќе има услови за сосема слабо провејување на снег. Максималната температура ќе се искачи до околу 8 степени.

Потоа од утре до недела времето ќе биде претежно стабилно, суво и сончево, повремено со умерена облачност. Наутро ќе биде постудено со минимални температури кој ќе се спуштаат во интервалот од -6 до 2 степени, додека максималните температури ќе бидат во пораст и до крајот на неделава ќе се искачуваат во интервалот од 13 до 19 степени.

За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука

Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *