Денеска времето ќе биде умерено облачно а ќе има услови и за локален краткотраен дожд. Ќе дува умерен, на некои места засилен ветер од западен и од југозападен правец. Температурите ќе се движат во интервалот од 18 до 26 степени.
Во наредните денови продолжува периодотот на стабилно, суво и сончево време со умерена локална облачност. Повремено и локално ќе има нешто повеќе облачност а ќе дува и слаб до умерен ветер од променлив правец кој повремено ќе засилува. Температурите ќе се искачуваат во интервалот од 21 до 29 степени.