Денешното невреме предизвика големи штети во Пелагонија

Вести

Невремето што попладнево зафати делови од Пелагонија, предизвика големи штети врз земјоделските посеви, посебно во село Српци и неговата околина, каде врнеше град со големина на орев. Оштетувања најмногу има кај тутунот, но земјоделците, велат дека уништено е се што е посадено.

-Градот го покоси целиот род, ништо не остана. Тутунот, лозјата, бостанот, пченка и пченица, се е уништено.  Врнеше дваесетина минути, најмногу штети има во  Српци, велат за жители од ова село.

Тие бараат општинската комисија на Могила, формирана пред две недели кога град зафати други села во Пелагонија, да изврши увид и да направи проценки на штетите врз нивните имоти.

Речиси никој од земјодлеците од овој крај немаат осигурување за посевите.

 

Извор: Апла.мк

Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *