Денеска АФПЗРР исплати 152 милиони денари субвенции за млеко

Вести

Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој денеска на сметките на 6,755 сточари исплати над 152 милиони денари за произведено и предадено овчо, кравјо и козјо млеко од втора фаза.

Средствата од оваа мерка се свеж капитал кој треба да им помогне на сточарите, да ја обезбедат потребната количина на храна за презимување на стоката.

„Земјоделството е наша шанса за успех. Продолжуваме и понатаму со навремената и неселективна исплата на субвенции“, се вели во соопштението од АФПЗРР.

Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *