Традиционалните собиранки и дружби во кафеани на понежниот пол по повод денот на жената поради пандемијата ќе изостанат.
Сепак во центарот на вниманието остануваат подароците и цвеќето како еден од главните симболи на празникот. Дел од граѓаните сметаат дека славењето на празникот е клише и дека поентата е самата борба на жената за рамноправност, а дел сметаат дека треба да се прослави во духот на традицијата.
Дел од граѓаните веќе купиле подароци за понежниот пол во најблискиот круг на семејството, воедно и им го честитаа празникот на сите жени во светот…
Кај нас пандемиската ситуација не дозволува прослави, но сепак во Австралија сликата е поинаква.
Предпандемиски аранжманите за овој ден беа речиси и еден месец порано резервирани. Годинава понудата ја има, на социјалните мрежи излегоа фотографии од егзотични места со понуда за осми март, но заинтересираноста, се жалат агенциите, е многу слаба, речиси и да нема патувања.
8-март се одбележува од почетокот на 20-век со посебно инсистирање на социјалистичкото движење. Првиот ден на жената е одбележан на 28 февруари 1909 година.