Денеска и утре саем на мед во Куманово

Вести

„Саем на мед“ ќе се одржи денеска и утре во Куманово, најавија од пчеларското здружение „Пчела“. Манифестацијата ќе се одржи на градскиот плоштад, по повод Денот на градот.

– Нашето пчеларско здружение се потруди и обезбеди финансиски средства со кои можеме да направиме уште еден саем освен оној наш Денови на мед, направивме напори да направиме и саем на мед кој ќе се одржи по повод најголемиот празник на градот, Денот на ослободување. Саемот ќе се одржи на плоштадот, и ќе имаме 15 изложувачи, 13 се од Куманово и двајца од Република Србија. Како и на секој саем на мед, ќе ги имаме сите пчелни производи, ќе ги претставиме нашите млади пчелари кои се членови помалку од пет години. Според тоа ќе направиме еден убав настан да можат граѓаните да се снабдат со мед и пчелни производи, бидејќи доаѓа време на вируси, грипови и да се обезбедат да го зголемат својот имунитет, изјави Бобан Стошевски од „Пчела“.

Цената на медот и останатите производи ќе биде како и цените од октомврискиот саем. Според најавите на кумановските пчелари до крајот на годинава нема да се зголеми цената. Саемот започнува во 10 часот, ќе трае до 18 часот, во саботата од 8 часот до 18 часот.

Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *