Денеска се доделија 17 договори во износ од 891.357 евра на земјоделски задруги

Вести

Денеска се доделија 17 договори за финансиска поддршка (ЕУ грантови) за 9 постоечки и 8 новоформирани земјоделски задруги. Финансиската поддршка е за инвестиции во објекти и опрема за преработка, складирање и маркетинг на земјоделски производи со кои се подобруваат капацитетите на земјоделски задруги и конкурентноста на земјоделството.


Вкупниот износ на потпишаните договори изнесува 891.357 евра, што е само еден дел од поддршката на Европската Унија за земјоделството.

За првпат после 5 години, се реализира Мерката 131 „Економско здружување на земјоделски стопанства за заедничко вршење на земјоделска дејност“, во рамки на Програмата за рурален развој за 2018 година. Оваа мерка опфаќа неколку подмерки и видови на поддршка, со што дополнително ќе се поттикне формирањето за земјоделски задруги и нивното функционирање.

„Современо Земјоделство“

Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *