Денеска се исплатија субвенции на 3213 сточари – одгледувачи на овци

Вести

Денеска министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Трајан Димковски заедно со директорот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, Николче Бабовски, беа во посета на селото Дихово од кадешто ги известија сите одгледувачи на овци дека денеска ќе се изврши исплата на субвенции за обележани грла. На сметките на 3213 сточари одгледувачи на овци, ќе бидат исплатени 607.032.300,00 денари, а пред точно една недела беа исплатени субвенциите наменети за одгледувачите на говеда.

„На сите сточари им благодарам за активниот допринос за развојот на сточарското производство и се надевам дека средствата од субвенциите ќе ги инвестираат во набавка на нови грла,  набавка на потребна опрема за производство и се она што им е потребно за  да го развиваат сточарството.

Ние како надлежни институции заедно со Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, ќе продолжиме и во наредниот период да ги исполнуваме нашите обврски, со што сите заедно ќе допринесеме за развојно и одржливо сточарско производство.“- Изјави министерот Димковски.

Во следниот период, според календарот за исплата, ќе продолжи исплатата на субвенциите за останатите мерки од Програмата за финансиска поддршка, односно ќе следуваат исплати на субвенциите за одгледувачите на кози, свињи и пчели.

“Со оваа исплата од почеток на мандат до денеска исплативме 381,4 милиони евра  во агро – секторот. Агенцијата и во наредниот период ќе продолжи со навремена и неселективна исплата на субвенции. Средствата се исплаќаат согласно календарот и во време кога им се најпотребни на земјоделците“- изјави директорот Бабовски

Ова е само уште една потврда дека субвенциите  се исплаќаат навремено и неселективно.

Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *