Денеска сончево со локална облачност, температура до 34 степени

Вести

Сончево време со умерена локална облачност ќе преовладува денеска во земјава. Во планинските подрачја ќе има услови за краткотраен дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од западен правец.

Утринската температура ќе се движи од 13 до 19, а максималната од 26 до 34 степени. УВ-индексот ќе изнесува 7.

Во Скопје, слично време со слаб до умерен претежно северозападен ветер. Утринската температура ќе се спушти до 17, а дневната ќе достигне до 31 степен.

За време на викендот ќе преовладува умерено облачно и потопло време со услови за краткотраен дожд, претежно на истокот од земјава. Од понеделник ќе биде стабилно со слаб до умерен северен ветер.

Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *