Денеска сончево, со утринска магла во котлините

Вести

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност, по одделни котлини ќе има појава на утринска магла.

Ќе дува слаб до умерен, а попладне на места засилен ветер од јужен правец, информира Управата за хидрометеролошки работи.

Утринската температура ќе се движи од минус 8 до минус 2 степени, а дневната од 4 до 13 степени.

Во Скопје и околината времето ќе биде сончево со мала доумерена облачност. Утринската температура ќе достигне до минус 6 степени, а дневната до 7 степени.

Од петок ќе преовладува променливо облачно време со повремени врнежи од дожд. На планините и на некои повисоки места врнежите повремено ќе преминуваат во снег, соопшти УХМР.

Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *