Денеска во Штип и Радовиш се одржа вториот инфо ден од едукативната кампања за ИПАРД Програмата 2014 – 2020

Вести

Денеска во големата сала на општина Штип се одржа вториот инфо ден од едукативната кампања за ИПАРД Програмата 2014 – 2020. Во текот на денот активностите продолжуваат во Радовиш во Домот на културата „Ацо Караманов“.

Рокот за „Инвестиции во материјалните средства за преработка и маркетинг на земјоделски и рибни производи“ истекува на 29-ти јануари.

 

Целта на инфо деновите е да да ги запознаат сите засегнати и зантересирани страни со спроведувањето и користењето на ИПАРД 2014 – 2020. На настанот во Штип присуствуваа претставниците од Одделението за програмирање и проценка при Телото за управување со ИПАРД од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство. Тие ја ги претставија мерките „Примерно земјоделско производство“ и „Преработка на земјоделски производи“. Од Секторот за одобрување на проекти при Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделието и руралниот развој беше детално објаснета постапката при АФПЗРР за користење на средства од програмата.

Голем интерес имаше при претставувањето на примерот на успешно реализиран проект од претходниот јавен повик. Таму се поставија голем број на прашања и претставниците од агенцијата и министерството потенцираа дека сѐ уште има отворени 2 јавни повици. Конкретно, рокот за поднесување понуди за „Инвестиции во материјални средства за преработка и маркетинг на земјоделски и рибни производи“ истекува на 29-ти јануари, а за мерката „Инвестиции во основни средства на земјоделски стопанства“ на 9-ти февруари.

Првиот инфо ден од кампањата беше реализиран вчера во Велес и Лозово. Денешниот инфо ден е втор од делот на едукативната кампања за ИПАРД 2 2014-2020, која ќе трае 18 месеци и во чии рамки се организираат 3 форуми, 6 работилници и 80 инфо денови.

 

Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *