“Денови на Македонскиот мед“ од денес во Скопје

Вести Пчеларство

Организациониот одбор на ПЗ „Матица“ по повод прослава на 60 годишниот јубилеј и организација на 14 та по ред манифестација „Денови на Македонскиот мед“ ги известува сите членови на здружението, нивни роднини и пријатели и сите вљубеници на добриот мед и пчелни производи , да присуствуваат на свеченото отварање кое ќе биде денес,  27 Септември на улица „Македонија“ со почеток во 10.30 часот.

Apis mellifera macedonica e пчела која живее единствено во Македонија. Како и секој последен викенд од месецот септември во изминативе 14 години така и овој, почнувајќи од денеа па до 30 септември на улица Македонија во Скопје ќе се одржува настанот „Денови на Македонскиот мед“ на кој можете одблиску да го вкусите медот кој го произведува оваа автохтона пчела.
За разлика од другите типови пчели, нашата има изразита отпорност и имунитет. Плодот на нивната работа реди награди низ светот како еден од најквалитетните медови.


Настанот свечено почнува утре (27.09.2018) со почеток од 10:30 часот со поддршка од Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство и Општина Центар.

Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *