Девет откупни компании, планираат да откупат околу 22 000 тони тутун

Вести

На стартот на откупот на годинашната реколта на тутун, од Здружението на тутунарите за Штипско-Карбинскиот регион, велат дека квантитетот е ист како ланскиот, квалитетот малку потфрлил, но очекуваат благо зголемување на откупната цена за 2 до 3 %.

– Со 10 денари за килограм сигурно ќе биде поскапа, за да може и понатака да се произведува тутунот во поголема количина.

Просечната цена лани беше 215 денари за килограм, односно се откупуваше од 60 денари за четврта класа до 285 денари за прва класа. Кооперантите кои потпишале договор очекуваат сигурен пласман.

– Се смета околу 130-140 тони тутун да се откупи, додаде Барбашки.

Девет регистрирани откупни компании во земјава планираат да откупат околу 22 000 тони тутун.

Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *