Во Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство во тек е спроведување на постапката за евалуација на понудите за избор на најповолни понудувачи за давање во закуп на земјоделско земјиште во државна сопственост до 3 хектари на јавните повици 01/2021, 02/2021, 03/2021 и 04/2021 на сите четири повици се пристигнати повеќе од 2.000 апликации.
– Ова е повик со најголем интерес во последните десет години. Епилогот од апликациите земјоделците ќе може да ги очекуваат во законски предвидениот рок од 45 дена од денот на јавното отварање. Овој датум за повиците 02/2021, 03/2021 и 04/2021 е после 20 декември додека на повикот 01/21 крајниот рок е после новогодишните празници. На повикот имаме навистина голем број на бизнис идеи со навистина голем потенцијал. Ги замолуваме земјоделците за трпение за да се прегледаат сите апликации и да се изберат најсоодветните понуди – изјави за Агротим, Александар Диље, Кабинетски службеник за земјоделска политика и храна.