Димковски: 1,5 милиони денари за активности за заштита на називите на македонските земјоделски производи и традиционални специјалитети

Вести

Денеска министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Трајан Димковски, во село Косел, охридско, го посети овоштарникот на земјоделецот Јурген Стефаноски, кој со години наназад произведува цреши.

Во овој регион, се произведува нашата позната охридска цреша, којашто од 2017 година е првиот регистриран земјоделски производ со заштитена географска ознака.

Министерот Димковски посочи дека во насока на заштита на нашите земјоделски произвди правиме уште еден чекор. Денеска се објави Јавниот повик наменет за финансиска поддршка за изработка на елаборати и спецификации на регистрација за заштита на називот на земјоделските и прехранбените производи со „Ознака за потекло“, „Географска ознака“ и „Ознака за гарантиран традиционален специјалитет“.

Република Северна Македонија има многу домашни земјоделски производи и традиционални специјалитети кои се надалеку познати, но досега не беа заштитени по примерот во европските држави. Затоа, со средствата од Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој за 2020 година во износ од 1,5 милиони денари, да се започнат активности за заштита на називите на македонските земјоделски производи и традиционални специјалитети.

Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *