Димковски: 5.000 земјоделци ќе треба да подигнат картички за „зелена нафта“, на останатите ќе им се надополнат ланските картички

Вести

Зголемувањето на поддршката за „зелена нафта“ од досегашните 30 отсто на 50 проценти не е поради изборите, туку поради коронакризата. На земјоделците овие средства им се најпотребни сега, во овој период, за да бидат што поконкурентни, зашто и цената на нафтата изминатите два месеца забележа пад, рече денеска министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Трајан Димковски.

На прес-конференција во Владата, презентирајќки го третиот столб од последниот сет економски мерки донесени минатата недела, Димковски информира дека Договорот за картичките преку кои земјоделците ќе може да купуваат „зелена нафта“ е веќе потпишан со економскиот оператор. Поради рестриктивното движење и потребата од држење дистанца, картички ќе треба да подигнат само околу 5.000 производители – оние што не ја користеле оваа мерка. На останатите, пак, кои веќе имаат картички, тие ќе им бидат само надополнети, зависно од културите и површините со кои располагаат.

– Очекуваме веднаш по подгнувањето на картичките, земјоделците да почнат и да ги користат, истакна Димковски, додавајќи дека за оваа мерка годинава се проектирани 4,5 милиони евра.

Министерот се осврна и на кредитот вреден 50 милиони евра од Светска банка за кој, рече, Договорот е веќе потпишан и е доставен до Собранието. Средствата ќе бидат наменети, пред се, за изградба на трите откупно-дистрибутивни центри: во Скопје, Стгрумица и Ресен. Но, дел од средствата ќе се искористат и за регистарот, односнои пописот на државното земјоделско земјиште, вклучувајќи ги и пасиштата.

-Дел од парите се планирани и за изградба на кафилерија (4,5 милиони евра се грант од Европската комисија), дел се за реконструкција на Платежната агенција за која се бара нова зграда и нова техничка опрема. Средства има и за едукација на земјоделците која е предвидена по отворањето на октупно-дистрибутивните центри, нагласи Димковски.

Во врска со петте милиони евра поволни кредити преку Развојната банка кои може да ги користат микро, малите и средните претпријатија, Димковски информира дека условите се значително подобрени. Се работи за постоечка, редовна кредитна линија за која е зголемен максималниот износ од 300.000 на 500.000 евра, рокот за отплата е зголемен на 24 месеци за обртни средства, односно на 10 години на основни средства, а камата е фиксна и изнесува два отсто.

-Може да аплицираат микро, мали и средни препијартија кои вршат примрно производство, преработка и извоз на примарни производи и прерабортки. Средствата може да се користат и за механизација, за набавка на тековни средства за растително и сточарско производство, за набавка на основни и тековни средства за преработка, изградба, купување или реконструкцоија на објекти за складирање, откуп, амбалажа, етикетирање на земјоделски производи, а во делот на извоз се поддржува набавка на разладни уреди, машини за калиобрирање, изградба на нови или купување објекти за посткалибрирање…, објасни министерот.

Во однос на мерката за земјоделско земјиште напомена дека не е планирана прераспределба, туку се овозможува продажба на државно земјоделско земјиште, а целта е малите површини да се окрупнат. Притоа, предмет на продажба може да биде и државно земјиште на кое се наоѓаат фарми или придружни објекти.

-Се работи за мали, расцепкани повбршини за да дојде до окрушнување. По изборите се планираат нови јавни повици кои ќе стават на продажба државно земјиште под управни згради, стопански дворови, настрешници за кое сопственоста не е решена, рече Димковски.

Според него, секоја мерка од третиот столб е креирана за поддршка на земјоделците, за зголемување на конкурентноста и продуктивноста.

Одговорајќи на новинарски прашања, образложи и дека мерките може да ги користат земјоделците регистрирани како трговци – поединци, но не и индивидуалните кои не се регистрирани како правен субјект.

Димковски на прес-конференцијата потсети дека е предвидена поддршка и на семејните агро бизниси преку финансирање стартапи, винарии со грантови од 10.000 евра од кои 1.000 евра може да се искористат и за ангажирање експерти, а за да се користат грантовите, земјоделците треба се регистрираат според дправилниците: за мали винарии, како и за флексибилност за производи од растително или животинско потекло. Поддршка во овој сегмент, три милиони евра од буџетот на МЗШВ, е планирана и за нетрадиционални производи како лековитите и ароматичните растенија.

-Со мерките се овозможува и долгорочен закуп на пасиштата, се стимулираат винарниците да произведуваат алкохолен дестилат, а мапирани се и капацитети за преработка од што на краток рок се очекуваат инвестиции од 10 милиони евра. Третиот столб од новиот пакет мерки е наменет за нови приходи во земјоделството. По завршување на здравствената криза треба да го подготвиме земјодлеството –  да ги искористиме сите потенцијали за поголемо производство и продолжување на инвестиците, за опоравување и заживување на земјоделството, подвлече Димковски.

 

Sitel

Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *