Димковски меѓу производителите на вишни во Василево

Вести Овоштарство

Бербата на вишни е во полн ек. И во оваа гранка е важно да има соработка и договор помеѓу земјоделците производителите на вишни и откупувачите. Министерот за земјоделство, Трајан Димковски, денес беше во посета на Општина Василево и компанијата „Фруктана“.

-Со градоначалникот на општина Карбинци, Јордан Насев, ја посетивме компанијата “Фруктана”, којашто откупува и преработува вишни, друго овошје и зеленчук. Разговаравме за нивните планови за откуп на вишни и за откупната цена, како и за идните инвестиции во компанијата преку мерките од ИПАРД2 програмата. Преработувачката индустрија има клучна улога во обезбедувањето на пласман на земјоделските производи, вклучително и на вишните, истакна Димковски.

Димковски заедно со градоначалникот на Општина Василево Марјан Јанев, остварија средба со дел од откупувачите и преработувачи на вишни и со претставници на Здружението на производители на вишни од Василево.

-Ги слушнавме и предлозите на земјоделците производители на вишни за начинот на годинешниот откуп на вишни и за откупната цена. Со цел да има непречен откуп на вишни, како ресорно министерство ќе организираме и заедничка средба со земјоделците и откупувачите. На средбата ги информирав земјоделците и за новиот Правилник за флексибилност за растително производство, кој што овзможува продажба на прерaботки од земјоделски производи од куќен праг, рече Димковски.

Земјоделците и откупувачите, мора да градат партнерски однос, што е важно за стабилен пласман на земјоделските производи. МЗШВ и во следниот период ќе креира мерки за поддршка на примарното производство и на преработувачката индустрија, како две клучни алки за одржливо земјоделско производство.

„Современо Земјоделство“

Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *