Денеска, министерот за земјоделство шумарство и водостопанство Трајан Димковски, заедно со директорот на ДИЗ, Зоран Шапуриќ и градоначалникот на општина Росоман, Бранко Јанев беа во посета на Трстеник.
-И покрај тоа што штетите се на мали површини, оваа Влада преку локалната самоуправа формираше комисии кои се веќе на терен и ги лоцираат и утврдуваат истите и врз основа на тоа ќе бидат исплатени штетите на индивидуалните сопственици, од страна на владината комисија за штети, истакна Димковски.
Овој регион беше погоден од временска непогода-град и беше нанесена штета на овошните и лозови насади.
Современо Земјоделство