Земјоделците од Општина Валандово, вчера го пречекаа министерот Трајан Димковски кој заедно со градоначалникот на Општина Валандово Перо Костадинов и директорот на Платежна агенција Николче Бабовски посетија два откупни пункта: Бадник Компани ДООЕЛ во с. Балинци и Марјан –Ринго ДООЕЛ во с. Брајковци.
На овие пунктови тече откупот на зимската зелка, земјоделски производ кој е карактеристичен за овој регион бидејќи климатските услови се поволни и овде зелката најубаво успева.
Во валандовското поле со зелка е засеана површина од околу 150 хектари и има просечен принос од 35 тони по хектар.
Министерот во директна комуникација со земјоделците се информираше за текот на откупот на зимската зелка и им порача дека откупот ќе продолжи непречено да се одвива, а министерството ќе продолжи да креира развојни мерки и политики, кои секогаш се во интерс на земјоделците.
„Современо Земјоделство“