Димковски: Ние ќе продолжиме да работиме во интерес на оризарите

Вести

-Кога се појави проблем со откупот на оризовата арпа, интервенираме веднаш така што се измени програмата за директни плаќања со интервентна мерка за оризарите со што 41,4 милиони денари беа исплатени на сметките на 1.130 оризопроизводители во октомври 2019 година, средства кои беа дополнителни на основната субвенција. Но, тоа од каде би го знаеле таканаречените “советници” на дополнителниот заменик министер кога и самите се лажни земјоделци. Едниот за да знае треба да го праша татко му, а другиот треба да ја праша сопругата, затоа што тие се носители на земјоделските стопанства. Зошто така, треба самите да кажат.
Цветан, пред да излезеш со обвинувања треба прво добро да се упатиш. Како на пример фактот дека во ваше време се раздаде и узурпираше земјиштето на земјоделскиот институт на кој се одвиваше семепроизводството на македонските сорти кои високо котираа на светските берзи. Наместо тоа ги доведовте до просјачки стап и селекциската дејност на научните установи, а со тоа и оризопроизводителите. И тогаш беше на функција, а сега пак се стремиш да бидеш на функција. За што Цветан? За да го доуништите и така кревкиот земјоделец? Па не ние, самите оризари нема да ви го дозволат тоа. Прочитани сте. Веќе видени, а кај голем број земјоделци и осетени како гази режимската чизма. Ние ќе продолжиме да работиме во интерес на оризарите, а вие или помогнете или барем не сметајте во процесот.

Трајан Димковски – министер за земјоделство, шумарство и водостопанство

Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *