Димковски од Ресен: Добиена е нова согласност за набавка на пластични гајби, преку ИПАРД Програмата, Мерка 1

Вести Овоштарство

Денеска, министерот за земјоделство Трајан Димковски заедно со директорот на УХМР, Ивица Тодоровски, беа во посета на Ресен, градот на јаболкото.


-Токму тука, имав можност да ги информирам земјоделците за новата согласност што ја добивме вчера за набавка на пластични гајби, преку ИПАРД Програмата, Мерка 1- инвестиции во основни средства на земјоделски стопанства, истакна Димковски.

Кофинансирањето ќе биде од 50% до 75%, а со набавка на овие пластични гајби кои се со капацитет до 20, на земјоделците им се олеснува бербата, транспортот и складирање на јаболката.
Секако останува и набавката на бокс палети на кои капацитетот е 300 килограми.
МЗШВ го вложува сиот напор да им помогне на земјоделците.

Димковски ги потсети и за тоа дека е започната новата метода на засејување на градоносните облаци, а бенефитот од тоа веќе е видлив и од особено значење за земјоделците од овој регион.

„Современо Земјоделство“

Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *