Во вечерашната емисија на телевизја Телма, министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Трајан Димковски зборуваше и за заштитата на земјоделците од временски неприлики.
На прашањето од земјоделците за новиот модел за заштита од временски непогоди, Димковски информираше дека од почетокот на следниот месец започнува активната заштита од град со авионско засејување на облаците со сребрен јодид, со што ќе се спречи земјоделците да претрпуваат загуби поради невреме.
Управата за хидрометеролошки работи ги има завршено елаборатите, тендерот е завршен, а деновиве се очекува да биде потпишан договорот со избраниот најповолен понудувач и од почетокот на следниот месец овој проект да биде во функција.